Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Нови пожари секој ден, не помагаат предупредувањата и забраните

  • Гореше на седум различни локации на површина од околу 20 хектари.
  • Спречена е поголема катастрофа и причинета е поголема материјална штета.
  • Напротив, секојдневно се зголемува бројот на пожарите на отворено, а пожарникарите деноноќно се на терен.

Вчера екипи на ТППЕ Струмица со 2 возила и 8 пожарникари учествуваа во гасење на шумски пожар во околината на селата Бајково, Баделен и Стиник. Гореше на седум различни локации на површина од околу 20 хектари. Пожарот е делумно ставен под контрола.

во 13:05 часот, ТППЕ Струмица со 2 возила и 7 пожарникари учествуваше и во гасење на запален кров на куќа во село Пиперево. Спречена е поголема катастрофа и причинета е поголема материјална штета.

Не помагаат предупредувањата од Противпожарните единици, ДЗС, забраната за движење во шума и високите парични казни. Напротив, секојдневно се зголемува бројот на пожарите на отворено, а пожарникарите деноноќно се на терен.

Тие уште еднаш апелираат за поголема свест и внимателност, како и да не се палат огнови на отворено.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.