Нови 240 светлосни ЛЕД арматури ќе бидат поставени на булеварот „Климент Охридски“ на потегот од кружниот тек на влезот во градот, од кај Добрејци, до излезот кон Валандово и на булеварот „Гоце Делчев“ од кружниот тек кај Анска река до излезот кон Дабиле.
Половина од овие светлосни арматури се веќе поставени, останатите во наредниот период, а во новата година на повеќе локации ќе биде поставено ново ЛЕД осветлување.
Со тоа како што изјави Градоначалникот Јаневски продолжува модернизацијата на уличното осветлување во градот Струмица.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.