Општина Василево доби средства од Бирото за регионален развој за изградба на улица во населеното место Доброшинци.
Вкупната вредност за изградба на улицата изнесува 5.200.000 денари, од кои 3.000.000 денари се обезбедени од БРР а останатите 2.200.000 се средства обезбедени со одлука на совет од буџетот на општина Василево.
Градоначалникот Марјан Јанев претходно најави и асфалтирање на дел од локалниот пат Чанаклија – Нова Маала во должина од 1 700 метри; реконструкција на локалниот пат Владевци-Сушево во должина од 1.900 метри и улица во Василево од поштата до црквата.
За реализација на овие проекти за подобрување на локалната патна инфраструктура обезбедени се над 40 милиони денари.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.