Во тесна трка за општинската фотеља, кандидатот на СДСМ и коалицијата, Никола Андонов, денес прогласи победа со само 19 гласа предност пред кандидатот на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Стоилков.
Никола Андонов е всушност старо-нов градоначалник, тој ја извршуваше функцијата градоначалик на Ново Село во периодот од 2005-та до 2009-та година.
Андонов е роден 1953-та година во Колешино, во кое и живее до ден денеска. По занимање е бизнисмен, основач на познатата компанија „Колид фуд“ од Колешино.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.