Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Настани распоредени во десет недели на осмиот „Струмица Опен Фест 2019-та“

Од 9-ти јуни па се до 18-ти август 2019-та година, осмото издание на „Струмица Опен Фест“ ќе им понуди на посетителите над 30 настани, распоредени во тој период од три месеци.

Овој фестивал започна како неколкудневни музички концерти во првите години од одржувањето, за да денес веќе прерасне во Струмичко културно лето со десетнеделна програма.

Како и секоја година, бесплатните музички настани ќе се одржуваат на повеќе локации на отворено низ Струмица, со повеќе од 30 музички изведувачи – домашни и странски,  а музичката понуда и годинава ќе опфати различен вид на музика за сечиј вкус.

Како дел од програмата организаторите најавуваат и спортско-рекреативни активности и настани од натпреварувачки карактер.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.