Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Најголем број новозаболени од грип неделава има во Струмица

Во текот на првата недела од 2020. година (30.12.2019–05.01.2020), пријавени се 207 случаи со заболувања слични на грип, што е зголемување за 31,0% во споредба со минатата недела

Оваа недела пријавени се случаи од 14 извештајни единици т.е. региони, од кои во 7 извештајни единици бројот на пријавени е 10 или поголем од 10 лица.

Најголем број случаи и највисока инциденца се пријавени од подрачјето на ЦЈЗ Струмица, а бројката кумулативно изнесува 171 случај на заболени од грип.

Во земјава вупно има 1.035 лица болни од грип. Како и претходната, така и во оваа недела најголем број случаи се пријавени во возрасната група од 15-64 години, додека највисока инциденца од 16,4/100.000 жители е регистрирана кај најмалите, децата на возраст од 0-4 години.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи (согласно препораките на СЗО): постарите лица (над 65 години); деца на возраст од 6-59 месеци; лица постари од 6 месеци со хронични болести; бремени жени; и здравствени работници.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.