Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

„Нацртај ја водата“ ликовна колонија за одбележување на светскиот ден на водата

Преку ликовната колонија „Нацртај ја водата“ во основните училишта во Струмица започнаа промотивните активности за одбележување на Светскиот ден на водата (22.03.), во рамките на културно-уметничкиот проект „Уметност и вода – магија на животот“ кој го спроведува Здружението за третман на вода со поддршка на Европската Унија, а во партнерство со општина Струмица. Цртежите на учениците ќе бидат изложени на промотивниот настан на проектот кој е најавен за 20 мај на пречистителната станица во Струмица.

Локацијата на проектот е пречистителната станица за отпадни води во Струмица, каде преку уметнички подвиг и создавање мурали од страна на 5 македонски уметници, се работи на прашањето околу поддигнување на јавната свест за значењето на заштитата на водата како природен ресурс. Со примената на уметнички тактики, проектот инволвира ангажирање на уметници кои ќе ги украсат бетонските површини на пречистителната станица.

Преку овој проект се дава акцент на неопходната потреба од решавање на проблемот со отпадните води во нашата држава – со што значајно се подигнуваат стандардите за заштита на животната средина и се намалува надземното и подземното загадување. Проектот е дел од кампањата „ЕУ за тебе“ со тематски пристап и почнува со нагласувањето на важноста од одржување на чиста животна средина, како една од клучните политики на Европската Унија и приоритетни сектори и области во кои таа инвестира.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.