Пет средношколки од С.О.У „Јане Сандански“ од Струмица, со идејата да се отвори училиштен ресторан за здрава храна, успеаја да се пласираат меѓу најдобрите пет тимови и да добијат парични средства и поддршка за успешно реализирање на нивната идеја.
Работилницата се одржа во Маврово со поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој, како и УНИЦЕФ Мaкедонија. Средношколките Верица Ахтарова, Миа Јанева, Ивана Трајковска, Лина Стојанова и Викторија Даниловска настапија со проектот „Енергетски бомбици“, за кој ќе добијат 2 илјади евра и логистичка поддршка од организаторите на работилницата, за да се отпочне со реализирањето на оваа идеја. Како што велат тие, за создавањето на овој проект биле водени од идејата дека во Струмица има недостиг од место за подготовка и продажба на здрава храна.
На работилницата учествуваше уште еден тим од ова училиште со проект – изградба на спортска сала приспособена и за деца со посебни потреби, кој исто така се најде помеѓу најдобрите десет проекти.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.