На денешен ден, 8-ми октомври, е роден Зоран Заев, претседател на Владата на Македонија и лидер на СДСМ.
Заев по професија е бизнисмен и политичар, а во периодот 2005–2016 бил градоначалник на општина Струмица.
Во периодот 2003–2005 бил пратеник во Собранието на Македонија, а потоа се кандидирал за градоначалник на Струмица, функција која ја извршувал во три мандати. По оставката на Бранко Црвенковски од челното место на СДСМ во 2013-та, Заев бил именуван за нов партиски предводник.
Премиерот Заев денес полни 45 години.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.