Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

На 2-ри мај започнува уписот на првачиња во училиштата

????????????????????????????????????

Одделението за образование при Oпштина Струмица објави известување до родителите дека уписот во прво одделение за учебната 2019/2020 година започнува на 02.05.2019 година и ќе се врши секој работен ден од 9 до 14 часот до 31.05.2019 година, во основните училишта во општина Струмица. 

Согласно Законот за основно образование, во прво одделение на основното училиште родителот е должен да го запише детето, кое до крајот на календарската 2019 година ќе наполни шест години.

При запишувањето на детето во прво одделение родителот е должен да достави потврда за примени задолжителни вакцини за детето издадена од надлежната здравствена установа, како и извод од матичната книга на родени.

Родителите можат да ги запишат и децата кои ќе наполнат шест години до 31.01.2020 година, но по претходно добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

Запишувањето на детето, на барање на родителот, здравствената установа може да го одложи за една година, ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.