Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Младите од Иловица-Штука организираат пикник: „Жив ѕид пред рудникот на смртта“

На 14.04.2019-та година (недела) во 12 часот, на Браната над Иловица, младите на Иловица-Штука организираат пикник: „Жив ѕид пред рудникот на смртта“.

Целта на овој пикник, како што велат, е да се соберат на рекреативно и релаксирано дружење во опуштена атмосфера, за да покажат дека не сакаат ни да помислат за можноста рудникот да се отвори.

На настанот ќе биде поставена и говорница на која секој од присутните ќе има можност да го искаже своето мислење и аргумент против отворањето на рудникот.

Тие велат дека пораката од овој пикник-дружење ќе биде токму масовноста на присутните од струмичкиот регион, кој ќе претставуваат еден вид на жив ѕид во одбрана на животната средина.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.