Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Младите кикбоксери на прием кај градоначалникот Јаневски

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, организираше прием за младите кикбоскери на „Тим Зоран“ од Струмица кои на Европскиот КУП ,,Карловац Опен 2020” во Хрватска освоија дури 14 медали.

Тој на младите спортисти им го честиташе постигнатиот успех и разговараа за турнирот во Хрватска на којшто учествуваа над 2000 натпреарувачи од 40 светски земји Хрватска, Македонија, Шпанија, Грција, Бугарија, Русија, Израел, Бразил, Индија, Алжир, Тунис, Египет, Порто Рико, Еквадор и САД.

Општина Струмица константно со години го помага Кик Боксерскиот клуб Тим Зоран, кој е меѓу водечките клубови во нашата Општина во индивидуалните спортови, а така и ќе продолжи и понатаму изјави Јаневски на средбата.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.