Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Министерката Царовска во посета на Босилово: Во тек е изградбата на градинката

  • Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денес беше во посета на општина Босилово.
  • “Ја градиме првата градинка во Општина Босилово, тука ќе бидат згрижени 60 дечиња.
  • За реализацијата на овој проект, општина Босилово обезбеди средства од Буџетот за 2019-та година.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денес беше во посета на општина Босилово.

При посетата, со својот тим и Градоначалникот Зимбаков го посетија градилиштето на кое треба да никне првата детска градинка во општината.

“Ја градиме првата градинка во Општина Босилово, тука ќе бидат згрижени 60 дечиња. Секое дете заслужува место каде среќно ќе расте и ќе се развива. Инвестираме во руралните средини, кои до неодамна беа заборавени.” изјави Министерката по посетата.

За реализацијата на овој проект, општина Босилово обезбеди средства од Буџетот за 2019-та година.

Вкупната внатрешна површина е 350 м2 и ќе згрижува од 60-70 деца.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.