Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Месните и урбаните заедници од Струмица ќе се обучуваат на тема „Разбирање на родовата компонента во демократските општества“

Центарот на заедницата на општина Струмица организира обука на тема „Разбирање на родовата компонента во демократските општества“, која ќе се одржи на 14 и 15 септември 2019 г. во Дом на АРМ во Струмица.

Тргнувајќи од принципите на локална партиципативна демократија, родовиот сензибилитет и улогата на жените од месните и урбаните заедници во партиципативните процеси на одлучување, целна група на обуките ќе бидат претставници на урбаните и месните заедници во општина Струмица.

Обуката е дел од проектот „Жените во партиципативното креирање на локалните политики“, кој го имплементира Центарот на заедницата на општина Струмица во партнерство со Здружение за унапредување на родовата еднаквост РОДОВА ПЕРСПЕКТИВА Струмица, а финансиски е поддржан од Општина Струмица преку G1 Програмата од Буџетот на Општината за 2019 г.

Цел на проектот е унапреден родовиот сензибилитет во општина Струмица преку партиципативно вклучување на жените во процесите на локално одлучување.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.