Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Математичарите од СОУ „Јане Сандански“ се вратија со награди од 62-от државен натпревар

Математичарите од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, изминатиов викенд се вратија со награди од 62-от Државен натпревар по математика за средни училишта, кој се одржа на Машинскиот факултет во Скопје. Четворица од нив добија право да учествуваат и на Македонската математичка олимпијада во април.

Ученикот Димитар Џорлев, под менторство на проф.Петруш Џорлев се врати со прва награда, а учениците Димитар Трајков и Раде Перовановиќ ја освоија третата награда. Тројцата се здобија со правото да учествуваат на ММО.

Ученикот Дмитар Звонимир Митев, под менторство на проф.Елена Лазарова ја освои втората награда и обезбеди учество на ММО.

На натпреварот училиштето го претставуваа и Елеонора Лазарова, Марта Вучкова, Васил Бунгурџиев и Крсте Симеонов, кои за своето учество добија пофалници од организаторите.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.