Денес, мајката на Никола, Мара Новоселска испрати благодарност до парот Бери и Мартин за донацијата за лечење на нејзиниот син.
Тазе брачниот пар средствата што ги собрале како поклон за својата свадба ги поклонија во хуманитарни цели, докажувајќи ја својата неизмерна човечност.
Никола Новоселски од с. Муртино-Струмица пред неколку години доживеа тешка сообраќајна несреќа од која сеуште се опоравува.
Се здоби со тешки телесни повреди на главата кои предизвикаа трајни последици и се уште се наоѓа во коматозна состојба, без можност да се движи и зборува.
По краткото неуспешно лекување во клиниките низ Македонија, беше пуштен на домашно лекување во видно влошена здравствена состојба по што следуваше макотрпна секојдневна борба на неговите најблиски да му овозможат адекватна нега и лекување во домаши услови и на свој трошок.
Борбата трае повеќе години, но за да да се подобри состојбата во која се наоѓа неопходно е лекување во странство односно пресадување на матични клетки во клиниката Неуровита во Русија.
За жал, лекувањето чини многу, трошоци кои семејството не е во можност да ги покрие.
Затоа од се срце упатуваме апел до сите хумани луѓе, во рамките на нивните можности да донираат средства и да му помогнат на Никола да успее во својата борба и да бидат поттик на неговата храброст и истрајност.
Донациски број за донации од мрежата на Телеком: 070 143-303
Донациски број за донации од мрежата на ВИП: 143-475
Жиро с-ка: 210501677843484 НЛБ Тутунска Банка
Девизна с-ка: Mara Novoselska
Br. 103 Murtino
IBAN Code – МК07210501677843484
SWIFT – TUTNMK22
<3







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.