Американско Катче Штип доаѓа во Струмица и го носи „Makerspace“ во градската библиотека „Благој Јанков Мучето“ на 28-ми јули 2019-та година во 12 часот.
Make Makey, Knitting Potholders i Snap Circuits се сетовите со кои ќе можат да се запознаат за време на работилницата оние кои ќе бидат дел од неа.
„Makerspace“ е место каде секој може да ја испроба и искаже својата креативност и својата идеја. Како место за креатори и оние кои сакаат да создаваат нови и иновативни предмети – „Makerspace“ може да бидат разни изработки но и употреба на модерни технологии, роботика сетови и струјни кола.
Заинтересираните можат да се пријават на тел: 034/349-040. Бројот на учесници е ограничен.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.