Комисијата при Локалната установа библиотека „Благој Јанков – Мучето“ – Струмица, по повод Карневалот во Струмица, распишува Конкурс за доделување награди за литературна творба (поезија и проза), на тема: „Приказна под маска“
Со литературни творби (поезија и проза) посветени на Карневалот во Струмица, може да се конкурира во три категории и тоа:
- Ученици од основните училишта
- Ученици од средните училишта
- Возрасни автори
За секоја од трите категории ќе се доделат: прва, втора и трета награда. Наградите во категориите за ученици од основните и средните училишта се состојат од диплома и вредносен предмет (книги). Наградите во категоријата „возрасни граѓани“ се состојат од диплома и вредносен предмет (книги).
Литературните творби посветени на Карневалот треба да се достават во 3 (три) печатени примероци, во шифрирана форма и тоа: во посебен плик да се стават податоците за авторот и пликот да е затворен и на него да се напише шифрата. Творбата и пликот со податоците за авторот да се стави во друг плик кој ќе биде адресиран на: ЛУБ „Благој Мучето“ – Струмица ул. „Благој Мучето“ бр. 26 Струмица, со назнака на горниот десен агол „Конкурсот за доделување на награда за литературен состав посветен на Карневалот во Струмица“ и шифрата.
Изборот на наградените ќе го изврши Комисијата од вработени во библиотеката.
Конкурсот трае заклучно со 21.02.2019 година (четврток). Творбите доставени по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат.
Доделувањето на наградите ќе се одржи на 07.03.2019 година (четврток) во 12 часот во Локалната установа библиотека “Благој Јанков Мучето“ Струмица. Дополнителни информации на тел: (034) 349-040 – ЛУ Библиотека „ Благој Мучето“ Струмица.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.