СВР Струмица поднесе кривична пријава против З.А. (53) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.
Во март 2017-та година пријавениот му дал 38.000 денари на И.А., кои требало да ги врати за 30 дена, како и дополнителни 10.000 денари за услугата. Во мај 2018-та година И.А. му вратил 40.000 денари на пријавениот и го известил дека останатите 8.000 денари ќе му ги врати за околу 10 дена. Притоа, пријавениот му рекол дека за секој нареден ден доцнење долгот ќе му се зголемува за дополнителни 2.000 денари.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.