Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Ленче Кукиќ се пласираше во финалето на музичкото шоу „Никад није касно“

Една од фаворитките во музичкото шоу на Гранд „Никад није касно“ – пејачката Ленче Кукиќ, се пласираше во финалето со изведба на песната „Париски локал“. Уште од самиот почеток на ова музичко шоу, со својот моќен глас и одлична изведба, Ленче ги освои симпатиите и на жирото и на публиката.

Одлуката за таа да влезе директно во финале ја донесе публиката во студиото и жирито, кое беше составено од: Саша Милошевиќ, Халид Беслиќ, Тијана Дапчевиќ и Тамара Тодевска. „Не дека си наша, ама растури“ – беше коментарот кој Тијана и го упати на Ленче по перфектната изведба.

Финалето ќе се одржи наредната недела на 23-ти јуни.

Победник во првиот серијал на шоуто „Никад није касно“ беше сопругот на Ленче – Горан Кукиќ.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.