Денес во село Куклиш беше пуштена во употреба новата детска градинка.
На свеченоста по поводот беа присутни Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, Градоначалникот Јаневски како и Претседателот на Советот на Општина Струмица.
„Со посебно задоволство сум денес во населеното место Куклиш, со цел да ја предадеме во употреба новата детска градинка, наменета за предучилишно образование и ран детски развој за децата од населеното место Куклиш. Со отварањето на градинки во населените места имаме за цел да создадеме еднаков пристап до предучишно образование за децата во градот и во населените места”, изјави градоначалникот Коста Јаневски.
Просторниот капацитет на објектот на детската градинка во Куклиш е димензиониран за 60 деца, а средствата за уредување се обезбедени преку ИПА Програмата на Европската Унија и од Буџетот на општина Струмица.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.