На 06.02.2019-та година (среда), во просториите на општинската зграда во Василево, во организација на ОО на „Црвен крст“ – Струмица и Службата за трансфузиона медицина, во соработка со општина Василево, ќе се спроведе граѓанска акција на доброволно дарување крв, во периодот од 08:30 до 14:00 часот.
Организаторите упатуваат отворена покана до сите граѓани, да се приклучат на акцијата, да ја покажат својата хуманост на дело, да даруваат крв и да учествуваат во спасувањето на нечиј човечки живот.
Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно. Крводарител може да биде секоја здрава личност на возраст од 18 до 65 години. Пред секое дарување на крв се врши лекарски преглед. Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослободен од плаќање на сите видови болничка партиципација.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.