Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Крводарителска акција во организација на Црвен крст и Службата за трансфузиона медицина од Струмица

Денес, 11-ти септември, среда, од 9 до 14 часот, Општинската организација на Црвен крст – Струмица заедно со Службата за трансфузиона медицина од Струмица организира граѓанска крводарителска акција во просториите на Службата за трансфузиона медицина Струмица.

Организаторите упатија повик до сите граѓани кои сакаат да даруваат крв да повелат и да ја покажат својата хуманост.

Факти за крводарувањето:
– Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.
– Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.
– Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.
– Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.
– Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.
– Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.
– На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.
– Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослободен од плаќање на сите видови болничка партиципација.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.