Полициска станица од општа надлежност Струмица поднесе кривична пријава против К.М.(39) од село Вељуса, струмичко и П.К.(62) од Струмица, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Првопријавениот, како директор на ЈП „Македонски шуми“ – Скопје – ПСШ „Беласица“ – Струмица, ја злоупотребил службената положба и овластување, на тој начин што во спротивност со одредбите од правилникот за систематизација на работните места при ЈП „Македонски шуми“ – Скопје, односно во спротивност со работните обврски и задачи на второпријавениот, вработен како шеф по заштита и екологија во ПСШ „Беласица“ – Струмица, во 2015-та година му издал задолжение со кое го задолжил со кочан со испратници, со цел да се употребат како пропратен документ за испорачани дрва од ЈП „Македонски шуми“ во исклучителни ситуации.
По ова, второпријавениот го искористил ваквото задолжение и злоупотребувајќи ја службената положба издавал испратници како втори (дополнителни) испратници, за кои немало пријавено соодветен основ или причина во шумската полиција или во МЗШВ, при што со ваквите дејствија на повеќе лица им овозможил да се стекнат со противправна имотна корист од транспорт на огревни дрва.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.