Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Кривична пријава против полицаец од Струмица поради сомнение за недозволено поседување на оружје

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 29-годишен полициски службеник од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „послужување во службата“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 06.12.2019 на ул.„Бетовенова“ во Струмица, во домот на пријавениот полициски службеник, полициски службеници извршиле претрес, при што пронашле и одзеле службена легитимација, 26 куршуми калибар 9мм., 13 куршуми калибар 7,62 мм., тромблонски додаток за автоматска пушка, заштитен шлем со визир, пиштол и радио врска, кој истиот неовластено ги поседувал.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.