Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Костадинов: струмичките земјоделци задоволни од мерката „зелена нафта“

Портпаролот на СДСМ – Коста Костадинов оствари средба со земјоделците од струмичкиот регион, на која разговараа за мерката „зелена нафта“.

Според Костадинов, очигледно е задоволството на струмичките земјоделци од оваа мерка која овозможува набавка на поевтина нафта за земјоделска механизација за 30 отсто бидејќи, преку неа се обезбедуваат: многу поконкурентни земјоделски производи, намалување на трошоците за производство и  парите се враќаат назад кај земјоделците.

Мерката обезбедува намалување на трошоците за производство и повеќе пари во семејните буџети на земјоделците и преку која, 200 милиони денари или над 3 милиони евра се враќаат директно кај земјоделците – вели Костадинов.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.