Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

„Комуналец“ апелира до поголема свесност кај граѓаните при фрлањето отпад

ЈПКД „Комуналец“ – Струмица апелира го граѓаните за поголема свесност при фрлањето на отпадот на места кои не се предвидени за тоа. На тој начин, тие оставаат лоша слика за градот и заради тоа честопати „Комуналец“ е мета на критики од страна на граѓаните. За да се избегне создавањето на нови, диви депонии, од „Комуналец“ апелираат до граѓаните, својот кабаст отпад (мебел, стара електрична и електронска опрема) и градежeн шут да не ги одложуваат во и покрај садовите за отпад.

Ваквото несовесно одлагање на кабастиот отпад и градежниот шут е забрането со Законот за јавна чистота и подлежи на парични казни и санкции. Садовите за отпад што се поставени на јавни површини не се наменети за одлагање ваков тип отпад туку за собирање на комуналниот отпад од индивидуалните и колективните домаќинства.

Според Законот за јавна чистота, не е дозволено ниту градежниот шут што настанува при градење или реновирање на домовите, граѓаните да го исфрлаат во садовите за отпад. Покрај акциите што се организираат во Општина Струмица, ЈПКД „Комуналец“- Струмица доколку ѓраганите имаат потреба транспортот да се изврши со специјалните возила на претпријатието, оваа услуга може да ја побараат на телефонскиот број: 034 325 909.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.