Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Ќе се основа Младински совет – Општина Струмица распиша конкурс за формирање иницијативен одбор

Општина Струмица распиша повик за членови на иницијативен одбор во Општина Струмица, кои ќе бидат дел од иницијативата за основање локален Младински совет во Општина Струмица.

Како што изјавија од Општината, главната цел на формирањето на локален Младински совет е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општината, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на носење одлуки.

Капацитетите на локалниот младински совет ќе бидат зајакнати преку обуки помогнати и поддржани од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Членови на иницијативниот одбор можат да бидат млади номинирани од младински организации или друг тип младински структури од општина Струмица. Иницијативниот одбор ќе го води основањето на локалниот младински совети, ќе работи на креирање на структурата на телата и промоција на потребата од младинско организирање и младинско учество на локално ниво.

Заинтересираните повеќе детали можат да најдат на огласот објавен на веб страницата на Општина Струмица.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.