Нова Маала, Седларци и Василево, се трите населени места во кои набрзо ќе добијат нови улици, соопштија од Општина Василево. Согласно Договорот потпишан со изведувачот, градежната којпанија „Бони Интерградба“ од Штип, градежните активности ќе започнат во средината на наредниот месец.
Улицата во Василево е во должина од околу 100 метри, во Седларци седумдесетина метри и истата води кон селската црква, а во населеното место Нова Маала, должината на улицата е околу 300 метри и води кон селската продавница во т.н Горна Маала. Ширината на сите улици е околу 4 метри, а заедничко е тоа што ќе бидат изградени со асфалт.
Вкупниот вредност на оваа инвестиција изнесува околу 1.100.000 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општина Василево.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.