Појавата на првиот случај на коронавирус во Македонија и кревањето на нивото на претпазливост во превенцијата од ширење на заразата го одложија годинешното 30. јубилејно издание на Струмичкиот карневал.
Ова е одлуката која вечерва ја донел Карневалскиот одбор на Струмица, со која сите следни карневалски активности се одлагаат на неопределено време.
Откако новите случаи на заразени со „Ковид-19“ вирусот во светот го надминаа бројот на новозаразени во Кина, првата земја во која се појави епидемијата, голем дел од државите ги забранија масовните собири на граѓани на своите територии.
Ваква одлука како што синоќа јави „360 степени” се очекува денес да донесе и македонската Влада, покрај која одржувањето на карневалот секако нема да биде возможно.
Информација за евентуалниот термин на одржување на карневалот засега нема.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.