Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Како дел од кампањата „Излези за европска Македонија“ во понеделник во Струмица ќе се одржи информативна трибина

Во рамки на кампањата „Излези за европска Македонија“, во понеделник, на 3-ти септември, со почеток во 18.30 часот, на улица „Младинска“, во близина на ОУ „Никола Вапцаров“ во Струмица, ќе се одржи средба со граѓани.

На средбата, како што се вели во поканата, ќе бидат разговарани сите предности и отворени прашања со кои се соочени граѓаните пред референдумот.

Покрај тоа, ќе се разговара и за дилемите кои се појавија во јавноста, со цел граѓаните да бидат целосно и правилно информирани за да можат да донесат вистинска одлука.

Говорник на граѓанскиот собир ќе биде Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.