Јутуберот Славе Колевски познат како KolevskyTV упадна на сцената на „Струмица Опен Фест“ на настапот на Brass Brothers, со испишани пораки на своето тело како би можеле посетителите да го запратат на социјалните мрежи.
Кратко по неговиот упад на сцената беше отстранет од истата од обезбедувањето на фестивалот, со звуците од песната „Sound of da Police“ 🙂
Овој промотивен „стант“ на јутуберот беше документиран и објавен на неговиот канал.
KolevskyTV е нов на Јутуб сцената, но неговите видеа од ден на ден се сѐ погледани. Најпопуларното видео на каналот за само две недели брои повеќе од 22 илјади прегледи.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.