Продолжува летната акција за генерално чистење на општина Струмица. Деновиве на терен се излезени екипи од одделенијата „Комунална хигиена“ и „Управување и одржување на јавно зеленило“ при ЈПКД „Комуналец“ и беше извршено чистење во населбата „Карпош“ до старата касарна и долж булеварот „Гоце Делчев“.
Со акцијата ќе бидат опфатени сите места.
Од „Комуналец“ апелираат до граѓаните, посебно до тие во населените места, да бидат повнимателни со фрлањето на отпадот, особено во овие месеци кога се врши чистење на домовите, и истиот да го фрлаат на места одредени за него.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.