Во склоп на годишниот план за работа за 2019-та година „Одделението за управување и одржување на гробишта“ при ЈПКД „Комуналец“ – Струмица заврши со изградбата на потпорниот ѕид кај новата парцела, по што ќе се продолжи со изградба на потребната инфраструктура.
Работната единица од Секторот „Водовод и канализација“ врши активности за асфалтирање и нивелирање на шахтите на повеќе улици во градот. Оваа активност ќе продолжи се со цел побрз, побезбеден и поефикасен сообраќај во Струмица.
„Одделението за управување и одржување на јавно зеленило“ пак, започна со вршење припрема на јавните зелени површини по зимскиот период. Се врши и длабока обработка на почвата како припрема за пролетно садење и уредување на паркот, булеварите и останати јавни зелени површини.









Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.