“Одделението за управување и одржување на јавното зеленило“ при ЈПКД “Комуналец“ – Струмица завршува со есенското хортикултурно оплеменување на градот и населените места на територијата на општината, со засадување на садници на сите јавни површини.
Покрај традиционалната есенска акција за разубавување, екипите тековно ги извршуваат активностите за одржување на зеленилото, собирање на паднатите лисја, косење на тревата, како и собирање на гранки и шут од зелените површини.
Секторот “Одржување и управување со градските гробишта“ пак, при ја започна акцијата за есенско чистење на градските гробишта. Со чистењето ќе биде опфатен целиот комплекс и сите гробни места и патеки ќе бидат исчистени од треви, стари дрвја, бетонски и други остатоци. Истовремено со чистењето се обновуваат и патеките и се врши хортикултурно уредување.
Работната едница “Одделение за Комунална хигиена“ изврши чистење и отстранување на целиот биоразградлив, кабаст и друг вид на отпад на улица “Цар Самуил“, на просторот околу црквата Св.„Григориј Палама и Димитриј“. Со потребната опрема се отстранува потешкиот смет за просторот максимално да биде искористен.









Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.