Работната единица од одделението „Водовод и канализација“ при ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, во склоп на програмската обврска почна акција за расчистување на одводните шахти и сливници.
По снежните наноси и дождови што периодов го зафатија градот, надојдените води се слеваа по улиците од повисоките кон пониските зони. Акцијата се спроведува во повеќе реони, во централното градско подрачје, но и во останатите населени места на територијата на Општина Струмица.
Интензивната акција за расчистување се спроведува како превенција од затнување на шахтите и неможноста за прибирање поголема количина на вода. Од ЈПКД „Комуналец“ апелираат до граѓаните да внимаваат и да не фрлаат смет со кој се затнуваат одводните шахти.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.