Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

ЈПКД „Комуналец“ – Струмица набави дробилка за отпадна дрвна маса за повеќенаменска употреба

ЈПКД „Комуналец“ – Струмица набави дробилка за отпадна дрвна маса за повеќенаменска употреба . Како што истакна директорот на „Комуналец“ – Зоран Ѓоргиев, со оваа машина претпријатието потврдува дека се грижи и учествува во искористувањето на отпадната дрвна маса.

Според него, досега дрвната маса завршуваше на депонијата што ја имаат и не беше искористена, но сега, благодарение на машината постојат повеќе начини за нејзино искористување. Дел од неа ќе биде искористен за жардинериите и зелените површини, а за другиот дел, „Комуналец“ е во преговори со компаниите кои изработуваат пелети, да им се дава на нив.

Со тоа комуналното претпријатие влегува во процес на искористување на сите ресурси кои досега нерационално беа користени – вели Ѓоргиев.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.