Зимската служба на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ – Струмица и денеска продолжи со расчистувањето на остатоците од снегот на тротоарите, пешачките зони и околу локалните и државните институции во градот.
Истовремено рачно се ставаше сол на улиците „Неретва“ и „Благој Мучето“ и ризла на тротоарите на улиците „Балканска“ и „Маршал Тито“.
Од „Комуналец“ и општина Струмица апелираат до граѓаните и сопствениците на трговските и угостителските објекти да ги исчистат остатоците од снегот пред влезовите на домовите и објектите, со што заеднички ќе се придонесе за нормално функционирање во овие зимски услови.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.