Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

ЈПКД „Комуналец“ – Струмица изврши генерално чистење на булеварите во градот

Во склоп на годишниот план за работа, но и по изминатиов период на наноси од снег и врнежи од дожд, работната единица при одделението „Комунална Хигиена“ на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, започна акција на генерално чистење на булеварите во Струмица. 

Покрај стандардните активности рачно метење и собирање на отпадоците, поради поволните временски услови, ќе се спроведува и машинско миење на булеварите и улиците со автоцистерна. 

Акцијата за генерално чистење ќе продолжи и во текот на наредната недела, а ќе ги опфати сите булевари и поголеми сообраќајници.

Од „Комуналец“ велат дека тековно улиците се чистат секојдневно и чистотата на улиците е на задоволително ниво. Тие апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да не фрлаат отпадоци.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.