Во склоп на Годишниот план на работа ЈПКД „Комуналец“ – Струмица работи на дополнително уредување и разубавување на градот.
Пролетната акција на „Комуналец“ и Општина Струмица продолжи со садење на нови и обновување на постоечките дрвореди на улиците: „Ристо Ќурчиев“, „Мара Минанова“ и „Ката Поцкова“.
Вработените во Работната единица од одделението „Управување и одржување на јавно зеленило“ на овој дел од градот засадија и висококвалитетни листопадни садници од сортата јавор.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.