Во текот на изминатиот викенд екипи од ЈПКД „Комуналец“ – Струмица извршија вонредна акција за поправка, дезинфекција и миење на контејнери за отпад. Тие апелираат до граѓаните да внимаваат кога го фрлаат отпадот во контејнерите, посебно на запаллив отпад во летниот период.
Од „Комуналец“ спроведоа и акции на целата територија на oпштината за косење на нараснатите тревни површини, кои се резултат на обемните врнежи на дожд во изминатиот период.
Денес, екипи од одделението „Комунална Хигиена“ вршат отстранување на отпадот и нараснатата вегетација долж улицата „Браќа Миладинови“, од „Чешел Пазар“ до средното училиште „Димитар Влахов“.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.