Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

ЈПКД „Комуналец“: Излетничките места по првомајскиот празник наликуваат на депонии

Граѓаните кои решија да го прослават Денот на трудот со излет и скара и годинава го оставија ѓубрето зад себе. Расфрлени амбалажи од храна, пластични чинии и шишиња – ваква беше глетката на  повеќето излетнички места на територијата на општина Струмица, ден по прославата на 1 Мај – информираат од ЈПКД „Комуналец“ – Струмица.

Ниската свест за подобра животна средина освен во градот, е забележителна насекаде. Поради неразвиената еколошката свест насекаде е загадено и полно со отпадоци. Иако има и такви кои чистат зад себе по завршувањето на празничниот ден, сепак тие се ретки, а „трудбениците“ оставаат по нив една многу непријатна глетка.

По пикникот, ретко кој си го чисти ѓубрето, велат од „Комуналец“, па тоа останува по излетничките места, кои се претвораат во непријатни глетки со купишта ѓубре.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.