Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

ЈПКД „Комуналец“ и СОУ „Јане Сандански“ со активности за уредување на дворот во училиштето

Наставниот кадар и учениците во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, во следниот период ќе започнат активности за хортикултурно уредување и поставување нова урбана опрема во дворот во училиштето.

ЈПКД „Комуналец“ како и секогаш ги подржува овие активности за раззеленување и разубавување на јавните зелени површини, а посебно оние иницијативи кои доаѓаат од младите.

Работната единица од секторот „Комунална хигиена“ денес работеше на расчистување и подготовка на теренот каде ќе се реализира оваа активност. 

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.