Општина Струмица распишува Јавен повик за прибирање на предлог проектна иницијатива од локална граѓанска организација, заради реализација на проект за справување со проблемот со жртвите на семејно насилство, односно основање и започнување со работа на „Шелтер центар за згрижување и заштита на жртвите на семејно насилство во општина Струмица“.
Проектот ќе се реализира во партнерска соработка помеѓу општина Струмица и избраната граѓанска организација. За таа цел, од Буџетот на општина Струмица за 2019-та година, планирани се 1.200.000 денари, кои се ставаат на располагање како општинско учество, или 50% од вкупните финансиски средства потребни за реализација на целиот проект.
Планиран термин за почнување со реализација на активностите од проектот е 01.06.2019-та година. Целосната содржина на јавниот повик може да се види на следниот линк.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.