Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, посети дел од основните училишта во населените места.
Со извршените инфраструктурни зафати и набавката на нови нагледни средства, воспитно – образовниот систем во основните училишта „Гоце Делчев“ од Вељуса, „Герас Цунев“ од Просениково, „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле, „Маршал Тито“ од Муртино и подрачното училиште во Банско, се одвива во соодветни услови.
Градоначалникот Јаневски потврди дека Општина Струмица ќе продолжи со поддршката на училиштата за квалитетно образование на децата.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.