Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Извршен ремонт и чистење на филтер станицата Ташли Баир

Од петокот низ цевките на регионалниот водовод од кој со вода се снабдуваат жителите на населените места Василево, Ангелци, Градошорци, Едрениково и објектите во индустриската зона, тече чиста, здрава и филтрирана вода за пиење – информираше градоначалникот на општина Василево – Марјан Јанев, по неговата посета на резервоарот за вода и филтер станицата на Ташли Баир. Таму, деновиве, ЈПКД „Турија“ во соработка со општина Василево, изврши активности на ремонт, чистење и полнење на филтрите со активен јаглен. Во моментов со вода од овој систем се снабдуваат 1309 домаќинства и 76 правни лица.

Како што информираше в.д директорот на ЈПКД „Турија“ – Зоран Ѓоргиев, оваа активност опфаќа неколку фази и тоа: ремонт и чистење на филтрите од остатоците на песок, нивно полнење со активен јаглен, со кој водата се филтрира, целосно чистење на резервоарите од сите наталожени елементи и комплетно перење на водоводната мрежа.

Како што најави Јанев, во наредните денови истата активност ќе биде спроведена и на филтер станицата во с.Доброшинци и со тоа и граѓаните на Нова Маала, Доброшинци и Чанаклија ќе имаат здрава и чиста вода за пиење. Инвестицијата на оваа активност за двете филтер станици изнесува околу 700.000 денари.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.