На 28.12.2018-та година (петок), во Центарот за култура „Антон Панов“ – Струмица, со почеток од 19 часот, ќе бидат изложени мозаици од Збирката на Меѓународната струмичка ликовна колонија.
Петнаесетина уметници од Македонија, Косово, Романија, Бугарија, Русија, Турција и Србија, годинава учествуваа на ликовната колонија во Струмица, кои создаваа нови дела во повеќе техники и тоа: графики, скулптури и мозаици.
Изложбата на мозаиците е по повод 25 години од Работилницата за мозаик.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.