Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Изгласани двете одлуки на денешната вонредна седница на Советот на општина Василево

На денешната вонредна седница советот на општина Василево ги усвои двете предложени одлуки: Одлука за сопствено  учество на општина Василево за реализација на проектот за улица во село Добрашинци и одлука за одобрување за користење на средства за финансирање на доспеаните а неплатени обврски на оштина Василево.

Причина за вонредниот карактер на седницата е рокот за доставување на документите  за реализација на проектот за улица во Добрашинци, а одлуката за сопствено учество на општината донесена од советот е еден од задолжителните документи.

Согласно одлуката, учеството на општина Василево изнесува 2.223.699 денари а од Бирото за регионален развој се побаруваат 3 милиони  денари.

Донесена беше и одлука за одобрување за користење на средства за финасирање на доспеани а неплатените обврски на општина Василево,  која всушност се однесува на средствата одобрени од Владата за подмирување на долговите на општините и единките корисници – ООУ „Атанас Нивичански“ – Нова Маала и ЈОУДГ„Прва радост“ –  Василево, средствата одобрени за подмирување на нивните долгови, ги отстапуваат  на општина Василево.   Причината е што ниту еден од доверителите, не се пријавил  за спогодбено утврдување на износот, во рокот определен со Јавниот  повик на Општина Василево со кој се повикуваа доверителите кои имаат доспеани а ненаплатени обврски евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденцијата на обврските  заклучно со месец септември 2018 година. Градинката отстапи 85.691 денари а училиштето 342.391 денари.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.