Изгаснати се шумските пожари кои два дена гореа во пределите на селата Бајково, Бадилен и Стиник, во општина Ново Село – информираат од ТППЕ Струмица.
Во акцијата освен пожарникарите, учествуваа граничната полиција и вработени во ЈПКД „Комуна“ – Ново Село.
Како што информираат од ТППЕ Струмица, во пожарот биле зафатени лисната маса и нискостеблеста шума и е најверојатно предизвикан од човечки фактор.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.