Денес (петок) 31.01.2020 година, во 09.22 часот, во објектите кај Ракиџиски мост во поранешниот комплекс на ЗИК „Струмица“ кој се наоѓа на стариот пат од излезот на Струмица кон Радовиш, ТППЕ Струмица со 15 пожарникари и со 4 ПП возила и 1 ПП возило од ППЕ Радовиш интервенираше по добиена дојава за пожар.
Во објектите беа сместени повеќе фирми кои имаат свои магацински простори, сервис, буриња со моторно масло, работилници и погон за мебел.
Пожарот е локализиран и се работи на негова целосна ликвидација.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.